Виза за привремени работници

Од 2009 година, повеќето привремени работни визи бараат формално спонзорство од страна на работодавач.Привремените работни визи се состојат од 3 фази на спроведување на процесот на аплицирање. Следната фаза на аплицирање нема да биде оценувана доколку претходната фаза не е финализирана.

1. Спонзорство: Австралискиот работодавач мора да има соодветено спонзорство за да вработи странски работници.

2. Номинација: Повеќето визи, исто така, бараат барателот на виза да биде номиниран од страна на спонзорот. Барањата за номинација се наведени за секоја подгрупа на виза.

3. Апликација за виза: Подобноста на индивидуалните апликанти ќе се проверува врз основа на посебни критериуми, вклучително карактерот на апликантот и здравствени барања.

Постојат неколку привремени работни визи за кои не се потребни 3-те фази на аплицирање

• подкласа 400 -Temporary Work (активност за краток престој ): Оваа виза Ви дозволува да останете до 3 месеци. Забелешка: оние кои работат во забавната индустрија треба да аплицираат за Entertainment visa.

• подкласа 417 – Working Holiday visa: Оваа виза му овозможува на барателот да работи и да остане во Австралија максимум до 2 години.

457 (Temporary work (skilled))

Оваа виза овозможува долгорочен влез и престој -до четири години, за лица со бизнис интереси или вработување во Австралија. А 457 (Temporary work-skilled) виза е една од најпопуларните австралиски визи, бидејќи таа е патот до визата за постојан престој (Employer Nomination Scheme). Потребните услови за секоја фаза се:

1. Спонзорство

• барателот законски и активно да има бизнис или во Австралија или во странство.

• трошоци на апликантот за обука на Австралијанците да го исполнуваат бараното ниво

2. Номинација.

• работодавачот е стандарден бизнис спонзор

• основната стапка на плата која е или ќе биде исплатена на Австралиски државјанин или постојан жител, да е поголема од TSMIT
(Праг на приходи за привремени квалификувани миграции).

• квалификациите и искуството на барателот на виза да се сразмерни со квалификациите и искуството утврдени за таа професија во ANZSCO речникот.

 

3. Апликации за виза

• номинација мора да биде одобрена и одобрувањето да е сѐуште во сила.

• номинираната професија да е на тековната 457 листа на професии (т.е. Консолидирана Листа на Професии (CSOL).

• апликантот мора да постигне најмалку 5 во секоја од четирите компоненти на IELTS тестот

• апликантот мора да ги исполнува карактерните и здравствените услови.

На 1 јули 2013 година, имаше значајна промена во програмата за 457 виза . Ве молиме контактирајте регистриран агент за миграција за точни совети.

Други привремени работни визи

• Temporary Work(Long-stay Activity) Visa (подкласа 401):
Оваа виза е за оние кои сакаат да дојдат во Австралија на привремена основа за различни активности како што се спортот и религијата.

•Training and Research Visa (подкласа 402):

Оваа виза е наменета за луѓе кои сакаат да дојдат во Австралија на привремена основа и да преземат стручна подготовка, спроведување или набљудување на истражувања како посета на академска програма или учество во професионална програма за развој.

• Temporary Work (Entertainment)) (подкласа 420) :

Temporary Work (Entertainment)) (подкласа 420)) Ви овозможува да работите во Австралија во забавната индустрија.

• Домашен работник (привремени) – дипломатски или конзуларни (подкласа 426) – спонзорство не е потребно.