Изберете го Курсот и Училиштето

Ако сте заинтересирани да студирате во САД, првото нешто што треба да направите е да истражите кое училиштето или програма се најдобри за вас. Само училишта кои се сертифицирани од страна на Програмата за Размена на Студенти и Посетители,   се овластени да прифаќаат меѓународни студенти.

Прием од Факултетот

Откако ќе бидете примени во училиште со сертификат од  Програмата за Размена на Студенти и Посетители, Вашето официјално назначено училиште  (DSO) ќе Ви даде документ наречен формулар I-20, “Сертификат за подобност за неимигрантски статус”.  Формуларот I-20 е документ во хартиена форма со Ваши податоци во базата на податоци наречена SEVIS. Секое училиште кое ќе Ве прими, ќе Ви испрати формулар I-20. Пред да пристапите кон плаќање на I-901 студентска школарина, мора да изберете едно училиште и го користите  формуларот I-20 за да платите I-901 школарина и да аплицираат за вистинската студентска виза.

Плаќање на школарина

Регулативата бара сите потенцијални F и M студенти да го платат надоместокот I-901 за Информативниот Систем за Размена на Студенти и Посетители   (SEVIS,) пред Стејт Департментот да Ви  додели виза.

Аплицирање за виза

Откако ќе бидете прифатени на SEVP-сертифицирано училиште и ќе добиете потврда за плаќање на I-901 школарината, ќе можете да аплицирате за виза во американската амбасада или конзулат.

Вашето патување во САД

Пред да заминете за САД, треба да се запознаете со различните видови на документи кои ќе Ви требаат. Секогаш е добра идеја да ги имате Вашите оригинални документи со вас во секое време. Не ги оставајте ги во Вашиот чекиран багаж.

Исто така е добра идеја да направите најмалку две копии од овие документи: еден примерок за да го оставите кај Вашето семејство пред да заминете и еден примерок за да им го дадете на Вашите претставници на училиштето. Еве листа од важните имиграциони документи:

• Пасош

• Виза

Формулар I-20

• “Сертификат за Подобност за Неимигрантски Статус”

Пристигнување во САД

Пристигнување во САД треба да биде непречено искуство доколку ја имате подготвено целокупната документација.
Формулар I-94.

Формуларот I-94 “, Евиденција за пристигнување / заминување ” покажува дека Вие законски сте примени во Соединетите Американски Држави, класата на прием, дозволениот периодот на престој. Многу е важно информациите во евиденцијата да се точни. Недоследноста помеѓу информациите во формуларот I-94 и евиденцијата во Системот за Размена на Студенти и Посетители(SEVIS) , може да ги намали шансите за успешно системско поврзување и проверка на информациите. Особено, ова може да предизвика проблеми при верификација на статусот за бројот за социјално осигурување.

Имате 30 дена да влезете во земјата пред официјалниот датум на почеток на програмата, кој е зачуван во SEVIS. Мора да се пријавите во Вашето училиште до датумот на почеток на програмата кој е наведен во формулар I-20, “Сертификат за Подобност за Неимигрантски статус” што сте го добиле. Ова е едно од правилата на кои сте се согласиле кога сте го добиле статусот на студент на размена или посетител. Доколку не го почитувате ова правило, тогаш можете да го изгубите Вашиот статус.
Најдобро е да се јавите во Вашето училиште веднаш по влегувањето во земјата, за да не постојат никакви сомненија за Вашето пристигнување.

Листа на образовни институции

California

Cinema Makeup School

ILSC Education Group

Study Group (Embassy CES)

Study Group (Private High Schools in USA)

Colorado

Bridge English Language Center

Florida

Everest University

Florida Air Academy Inc.

Study Group (Embassy CES)

Illinois

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

Indiana

English as a Second Language International (ESLI)

Kentucky

Campbellsville University

English as a Second Language International (ESLI)

Louisiana

English as a Second Language International (ESLI)

Massachusetts

Study Group (Embassy CES)

Maine

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

Montana

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

New Jersey

Berkeley College

New York

Berkeley College

Manhattan Institute of Management

New York Language Center

Study Group (Embassy CES)

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

~Long Island University, Post Campus

Pennsylvania

English as a Second Language International (ESLI)

~Eastern University

Kutztown University

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

~Widener University

Texas

English as a Second Language International (ESLI)

~Texas A&M University Texarkana

Virginia

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

~James Madison University

Vermont

Study Group (International Study Centres/Universities in the USA)

~University of Vermont

Washington

Cascadia Community College

Green River Community College