Образовн систем
Образовниот систем во Нов Зеланд е модел составен од три нивоа, кој вклучува основни училишта, па секундарни училишта (средни училишта) и високо образование во универзитетите и / или политехнички факултети. Академската година во Нов Зеланд варира помеѓу институциите, но обично трае од крајот на Јануари до средината на Декември за основни училишта, средните училишта и политехнички факултети и од крајот на Февруари до средината на Ноември за универзитетите.
Типови квалификации
Сите квалификации наведени на NZQF се вклопуваат во еден од следниве типови квалификации: сертификат, диплома или степен. Секој тип на кфалификација е дефиниран со договорен сет на критериуми кои вклучуваат ниво на кое квалификацијата е наведена и бројот на кредити потребни за секое ниво. Подолу е дадена листа на типови на квалификации со поврзани дефиниции.
Сите квалификации во NZQF се наведени во согласност со договорен сет на дефиниции.
За да ја видите дефиницијата кликнете на типот на квалификација:
• Certificate
• Diploma
• Bachelor’s Degree
• Graduate Certificate
• Graduate Diploma
• Bachelor Honours Degree
• Postgraduate Certificate
• Postgraduate Diploma
• Master’s Degree
• Doctoral Degrees
Нивоа на квалификации
Во NZQF има десет нивоа. Нивоата се базирани врз основа на сложеноста, нивото 1 е со најмала сложеност ,а најсложено е 10-то ниво. Сите квалификации во NZQF се доделени на од едно од десете нивоа. Можно е некои квалификации да вклучуваат кредити постигнати на ниво под или над нивото на кое е наведена квалификацијата.
Грижа за меѓународни студенти: Кодекс на пракса за старателска грижа
Кога студентите доаѓаат да учат во Нов Зеланд, образовните институции имаат важна одговорност да се осигураат дека овие студенти се добро информирани, безбедни и добро згрижени.
За да го поддржи ова, владата на Нов Зеланд има развиено Кодекс на пракса за старателска грижа за меѓународни студенти (Кодекс).
Кодексот е документ кој обезбедува рамка за обезбедување на услугата од страна на образовните институции и нивните агенти за меѓународни студенти.
Тој ги поставува минималните стандарди за совети и грижа кои може да се очекуваат и обезбедува процедура која студентите можат да ја следат доколку се загрижени за третманот што го добиваат од страна на нивните Образовни институции или нивниот застапник на услугите.