Одберете го Вашето образование
Доколку планирате да студирате во Австралија, имате многу образовни опции од кои што можете да изберете, затоа дајте си извесно време да размислете за својата кариера и животни цели. Програмата која ќе ја изучувате ќе ја обликува Вашата кариера и животни планови. Исто така, размислете за тоа дали сакате да студирате во град или на село. Дали сакате да студирате на мал или на голем колеџ или универзитет? Кое ниво на квалификации сакате да ги стекнете? (сертификат, диплома, степен и слично). Најверојатно ќе сретнете дека курсот кој сакате да го учите е понуден на неколку места во Австралија и Нов Зеланд. Дали Ви е важно дали ќе живеете некаде на топло или на ладно?
Исто така ќе треба да ги разгледате и академските услови за влез на институцијата, бидејќи секој колеџ и универзитет и секој курс си има свои стандарди. Ако немате доволно познавања од англискиот јазик, ќе треба да размислите и за изучување на англискиот јазик.
Школарини
Цената на студирањето во Австралија и Нов Зеланд споредбено е подобра во однос на другите земји кои примаат интернационални студенти. Ќе видите дека трошоците за школарина и трошоците за живот се пониски во Австралија и Нов Зеланд, во однос на САД и Велика Британија. Секоја институција има различни надоместоци за различни курсеви. Школарината за меѓународни студенти во Австралија и Нов Зеланд се дури поконкурентни во однос на другите земји, особено кога ќе се пресмета тековниот девизен курс.
Следниве информации се само водич:
Курс по англиски 150 -350 австралиски долари неделно
Стручно образование и обуки 5000 – 12.000 австралиски долари годишно
Универзитетски студии (додипломски) 10.000-18.000 австралиски долари годишно
Дипломски, магистерски, докторски (последипломски) 12.000-18.000 австралиски долари годишно.
Англиски јазик
Вие може да изчувате интензивен англиски јазик (познат како ELICOS) во повеќе од 100 институции во Австралија и тоа по релативно ниска цена. Институции се приватни, полу-приватни или сопственост на владата. Сите институции се правилно регистрирани и нудат висок квалитет на обука за англиски јазик, повеќето со користење на напредни лаборатории за јазик, видеа, компјутери и библиотеки.
Не постојат влезни барања за курсевите по англиски јазик. Курсевите се нудат на сите нивоа (почетник и напреден курс) а термините се многу флексибилни. Оваа флексибилност ви овозможува лесен да ја комбинирате обуката за англиски јазик со одморот или со друг курс.
Може да студирате:
• Општи англиски (со акцент на вештините за комуникација)
• Англиски јазик за академски цели (подготовка за студирање на универзитет, во TAFE или приватен колеџ)
• Подготовка за испит (подготовка за Кембриџ, TOEFL или IELTS прегледи)
• Студирање и туризам (учење на англиски додека учите за Австралија / Нов Зеланд или уживте во активности како што се нуркање, голф, јавање коњи, пловење, итн)
Многу од студентите ќе направат тест за англиски јазик за да се утврди нивното ниво на познавање на англискиот јазик и да се одлучи колку обука за англиски јазик им е потребна. Сите тестови ги оценуваат вашите вештини за читање, пишување, зборување и слушање. TOEFL (тест за англиски како странски јазик) е многу популарен тест во Азија, но сепак, повеќето австралиски институции го претпочитаат IELTS (интернационален системот за тестирање на англиски јазик) тест.
Средно образование 500-550 TOEFL или 5-6 IELTS
Сертификат 500-550 TOEFL или 5-6 IELTS
Диплома 500-550 TOEFL или 5-6 IELTS
Универзитетска диплома 550-600 TOEFL или 6.0-7.0 IELTS
Последипломски 550-600 TOEFL или 6.0-7.0 IELTS
Универзитет (BA, BSc, Pg Dip, MA)
Постојат многу универзитети во Австралија со големина од 3000 студенти до повеќе од 30.000 студенти. Сите австралиски универзитети се строго надгледувани со цел одржување на високи стандарди во наставата и истражувањата. Повеќето од овие универзитети се наоѓаат во градовите, но некои се наоѓаат и во руралните средини.
Универзитетите нудат курсеви со широк спектар на области, на следниве нивоа:
• Bachelors Degree
• Graduate Certificate
• Graduate Diploma
• Masters Degree
• Doctorate (PhD)
Секој универзитет има сопствени влезни барања за секој курс што го нуди. Исто така ќе треба да имате минимално ниво на познавање англиски јазик пред да можете да започнете со курсот. Повеќето курсеви започнуваат во Февруари, сепак, некои ќе може да ги започнете во Јули и во Октомври.
TAFE
Australian Technical and Further Education (TAFE) е едукативен систем управуван и во сопственост на државата, кој нуди курсеви во речиси секое поле на студии. Постојат повеќе од 230 државни TAFE колеџи во Австралија кои нудат курсеви со сертификат, диплома и напредни нивоа на диплома. Многу TAFE курсеви, благодарение на кредит тансфер договорите со Австралиските Универзитети, ќе Ве доведат до универзитетска диплома. Некои курсеви на TAFE траат само неколку недели, додека други може да траат и до три години. Поголемиот дел од TAFE колеџите се наоѓаат во градовите, додека некои се и во руралните средини. Повеќето курсеви започнуваат во Февруари, но сепак, некои може да започнат и во Јули.
TAFE курсевите ставаат акцент на практичното и професионалнно учење што ќе ви помогне да добиете работа.
Приватни и Специјализирани Колеџи
Приватните и Специјализирани колеџи нудат курсеви во речиси секоја област на студии, обично со сертификат, диплома и напредно ниво на диплома. Овие курсеви често се дизајнирани да обучуваат со практични вештини кои може да се користат во професијата. Курсевите може да траат од 10 недели до 3 години, и секој колеџ има своиј влезни барања. Многу приватни и специјализирани колеџи имаат кредит трансфер договори со универзитетите, така што можете да стигнете до Универзитетска диплома
Некои типови на курсеви кои може да ги студирате во приватни или во TAFE колеџ:
• Сметководство
• Воздухопловство
• Бизнис менаџмент
• Грижа за децата
• Компјутерски студии
• Графички дизајн
• Козметичар
• Информациони технологија (ИТ)
• Маркетинг
• Канцелариска администрација
• Секретарски студии
• Патување и Туризам
• Угостителство и хотелски менаџмент
• И многу повеќе
Средни училишта
Австралиските училишта нудат квалитет на образование со светски стандарди. Иако секоја држава или територија во Австралија е одговорна за своите училишта, сепак, Сојузната влада на Австралија се грижи за оддржување на стандардот и квалитетот на наставата низ целата земја.
Поголемиот дел од австралиските училишта се јавни и отприлика околу една четвртина се приватни и наплаќаат целосна школарина. Многу приватни училишта се управувани од страна на верски институции. Некои училишта нудат и интернатско сместување.
Постојат илјадници училишта во Австралија, премногу да се набројат тука. Треба да ги земете во обзир Вашите индивидуални потреби (големо училиште или мало училиште, дали религиозното образование Ви е важно, во кој градот би сакале да живеете и сл.)
Времетраење на курсеви
Следниве се само водич. Секој курс и секој колеџ или универзитет може да имаат малку поинакво времетраење :
- Certificate 6-18 месеци
- Diploma 1.5-3 години
- Bachelors Degree 3-5 години
- Graduate Certificate 6 месеци
- Graduate Diploma 1 година
- Masters Degree 1-2 години
- PhD 4-5 години
Како да се аплицира
Откако ќе ги прочитате информациите на веб страната на Бриџ Блу , мора да разгледате:
• Каков курс Вие би сакале да учите.
• Кое ниво на квалификација би сакале да го учите.
• Во кој град во Австралија или Нов Зеланд би сакале да живеете и учите.
• Потоа, контактирајте нé и испратете ни информации за Вашите образовни потреби и цели.
•Тогаш ние ќе Ви дадеме бесплатно советување преку е-маил и ќе Ве посоветуваме околу Вашиот избор и Вашите можности во Австралија и Нов Зеланд.
• Кога ќе се одлучите за одреден универзитет, колеџ или училиште, Бриџ Блу ќе Ви помогне да направите апликација. Ние ќе Ве посоветуваме за академските услови и условите за англиски јазик, како и другата документација што треба да ја обезбедите За Вашата апликација. Генерално, ќе треба да обезбедите детали за Вашите претходни студии, вклучувајќи копии од квалификациите што веќе ги имате. Исто така, ќе треба да имате доказ за вашето ниво на познавање на англискиот јазик (на пример, IELTS или TOEFL), како и името на лицето одговорно за плаќање на Вашата школарина.
• Кога ќе се примаат на некој курс, Бриџ Блу ќе Ве советува и ќе Ви испрати Letter of Offer од Вашето училиште, колеџ или универзитет.
• Мора да го прочитате Letter of Offer и да ги разберете сите услови како на пример надградба на Вашето познавање на англискиот јазик. Ќе биде побарано да платите школарина за првиот семестар , како и надоместок за задолжителното здравствено осигурување (Здравствено осигурување за прекуокеански студентски (OSHC)) за да Ви биде платено медицинско или болничко лекување кои можеби ќе Ви треба за време на Вашиот престој во Австралија.
• Кога ќе го добиме Вашето плаќање, ние ќе Ви испратиме Letter of Confirmation of Enrolment. Потребно е писмото со понуда, потврдата за запишување и потврдата за платена школарина за Вашиот прв семестар (или првата година) да ги приложите за Вашата студентска виза за Австралија.
• Блу Бриџ ќе Ви даде совети за тоа како да се направи барање за виза. Ќе Ви биде побарано да имате лекарски преглед со цел да ја добиете Вашата студентска виза, а Вашиот лекар ќе пополнува информациите на посебни формулари.
• По сето ова, ќе бидете известени доколку Вашата апликација за виза е успешна. Должината на Вашата студентска виза ќе биде со иста должина на Вашиот избран курс во Австралија.
• Блу Бриџ може да Ви помогне во организирањето за сместување и превоз од аеродром и да Ви каже кога треба да пристигнете во Австралија да ги започнете Вашите студии.
Студентска виза
Блу Бриџ ќе Ви даде совети за тоа како да аплицирате за виза. За да Ви се одобри виза, ќе треба да го прикажете следното:
• Писмо со Потврда за запишување на училиште, колеџ или универзитет
• Писмо со Понуда за прием кое покажува дека е платена вашата школарина Важечки пасош
• Медицински извештај кој го покажува Вашето добро здравје
• Доказ дека е платено здравствено осигурување за прекуокеански студенти (OSHC) за Австралија
Треба да бидете свесни за условите на Вашата виза:
• Мора да ја напушти Австралија кога Вашата виза ќе истече
• Вашата виза не важи за постојан престој во Австралија или Нов Зеланд
• Морате да ги задоволите барањата на запишаниот курсот за да ја продолжите програмата
• Додека студирате ќе можете да работите до 40 часа во период од две недели и со полно работно време во текот на одморот кој ќе Ви го дадат на училиште
• Здравственото осигурување треба да се плати за целиот престој во Австралија
Поедноставената СВП постапка за добивање на виза во моментов е многу популарна во привлекувањето на странските студенти во Австралија.
Осигурување
Меѓународните студенти во Австралија со студентска виза, мора да имаат договори за здравствено осигурување. Австралија има посебен систем на покривање на здравствената заштита за меѓународните студенти кој се нарекува Странско студентско здравствено осигурување (OSHC), кое мора да го имате за времетраење на Вашата студентска виза во Австралија. Ако дојдете во Австралија со туристичка виза и изучувате некој краток курс (до 3 месеци) не можете да земете OSHC. Препорачуваме патничко или приватно здравствено осигурување за студенти кои го регулирале својот престој со виза поинаква од студентската.