Студентска виза
Постои една студентска виза класа со 8 (осум) виза подкласи. Седумте визи (подкласи) се однесуваат на конкретни образовни сектори и една се однесува за старатели на студентите.
Подкласи на студентските визи се:
Подкласа 570 – Independent ELICOS Sector Visa
Подкласа 571 – School Sector Visa
Подкласа 572 – Vocational Education and Training Sector Visa
Подкласа 573 – Higher Education Sector Visa
Подкласа 574 – Postgraduate Research Sector Visa
Подкласа 575 – Non-award Sector Visa
Подкласа 576 – AusAID or Defence Sector Visa
Подкласа 580 – Student Guardian Visa
Од студентите се бара да исполнуваат различни критериуми врз основа на нивната националност и подкласи наведени погоре. Апликанти за студентска виза, за подкласа на виза се оценуваат соодветно нивниот главен предмет на студирање. Така, на пример, ако барателот има намера да се запише на факултет за уметност (без разлика дали планира или не планира да го запише примарно базниот курс), ќе мора да ги задоволи критериумите за 573 подкласа на виза.
Assessment Level
Апликантите за студентска виза се предмет на различни нивоа на процена (AL) во зависност од пасошот што го имаат и подкласата на студентска виза за која аплицираат. AL представуваат ризици на визна неусогласеност. AL 1 е најниското ниво на ризик, а АL 3 е највисоко. Студентите со пасоши од земји кои не се опфатени со конкретни AL се распределуваат на стандардното AL 3 ниво. Колку е повисоко AL нивото, толку повеќе докази ќе треба да обезбедат , за да се докаже дека тие се вистински баратели на студентска виза . Потребните докази опфаќаат познавање на англиски јазик, финансиски капацитет и други прашања, како што се академска евиденција, возраста и условите за вработување / кариера.
Накратко, потребните докази за нивото на оценување се :
Студентите со земја на пасош од AL1: COE, здравствено осигурување и медицински преглед
Студентите со земја на пасош од AL2 : COE, здравствено осигурување, медицински преглед и финансиски капацитет
Студентите со земја на пасош од AL3 : здравствено осигурување, медицински преглед, финансиски капацитет и владеење на англискиот јазик.
Streamlined Student Visa Процес
Доколку апликантот ги исполнува условите за Streamlined Student Visa, генерално во целокупниот процес се намалуваат барањата за кои треба да доставите докази и истите се слични на оние што се применуваат при аплицирање, доколку сте Assessment Level 1, без оглед на Вашата земја на потекло. Можете да најдете листа на универзитети и провајдери за високо образование кои се дел од Streamlined Student Visa и нивните номинирани образовни бизнис партнери на http://www.comlaw.gov.au/Details/F2014L01511
Апликација за виза
Апликантите од AL1 може да направат иницијална апликација за студентска виза додека се во Австралија (ако тие ги исполнуваат другите услови), без да се наведат исклучителни причини за добивање на виза. AL1 кандидатите, исто така, може да поднесат првична апликација за студентска виза ( офшор или оншор) преку интернет со користење на студентскиот eВиза систем. Оние од земјите AL2 иAL3 обично немаат право да аплицираат за нивната првична студентска виза во Австралија. Ве молиме контактирајте регистриран агент за миграција за понатамошни информации. Во Вашето барање за студенстска виза можете да го вклучите Вашиот партнер или децата и заедно да дојдете во Австралија. Различниот број на апликанти за виза ќе доведе до различна цена за барањето за виза . Од 1 јули 2013 година воведена е структура со нови цени за барањата за виза. Деталите се дадени на DIAC веб-сајтот http://www.immi.gov.au/fees-charges/visa-pricing-table.htm
Услови
Во повеќето случаи, студентите се предмет на разни услови наметнати со визата. Мора да ги следите овие услови додека ја имате визата;
На носителите на студентска виза обично не им е дозволено да работат повеќе од 40 часа во две недели (14 дена). На членовите на семејството на основниот кандидат за виза им се наметнуваат истите услови. Но, постојат некои исклучоци. Ве молиме контактирајте регистриран агент за миграција за понатамошни информации.
Доколку планираниот курс трае помалку од 10 месеци и Вие сте од земјите AL3 или 4 , можеби нема да сте во можност да аплицирате за друга студентска виза додека сте во Австралија.
Задолжителен услов за сите студентски визи е студентот да ја извести образованата установа за адресата на престој, во рок од седум дена од денот на пристигнувањето во Австралија, како и да ја извести образованата установа во рок од седум дена за секоја промена на адресата на живеење.
Студентите кои со себе во Австралија имаат деца на училишна возраст (5-17 години) за период подолг од три месеци, мора да имаат соодветни аранжмани за нивното образование, што значи дека децата на училишна возраст се запишуваат во училиште.