Што е пракса?

Пракса во Австралија

  • Пракса е неплатена обука за одреден период во областа која е Вашиот избор.
  • Тоа е соодветно дизајниранa програма на компанијата која одговара на Вашите специфични потреби. Ние ќе ја дизајнираме праксата со цел да го добиете точно она искуство кое ви е потребно.
  • Тоа е период на обука, кога ќе се здобиете со непроценливо искуство од областа на Вашиот интерес.
  • Тоа е период во кој ќе се спроведе обука со професионалци од пракса, од областа на Вашиот интерес.
  • Тоа е период за обука каде што ќе добиете искуство токму од средината која е Ваша сфера на интерес.
  • Сите компании се реномирани и се проверуваат од страна на нашите вработени.
  • Многу компании имаат искуство со странски практиканти.
  • Секогаш ќе имате непосреден претпоставен претставник од компанијата кој ќе биде одговорен за Вашиот тренинг.
  • Тоа е Вашиот прв чекор во добивањето на некое практично искуство.
  • Тоа е одлична алтернатива додека сте во училница, да се забавувате и да ја надополните Вашата биографија !!!!!

Изберете било која од следниве области или наведете некоја и ние ќе ви одговориме на Вашето барање со соодветна организација:

Сметководство, Нега на постари лица и Детската нега, Земјоделството, Архитектура, Уметност, Банкарство и Финансии,Образование, Инженерство, Науката за животната средина, , Шумарство, Администрација, Графички дизајн, Здравство, Туризам и Угостителство, Човечки Ресурси, Информатичка Технологија, Право и Политика, Лингвистика, Продажба и Маркетинг, Медиуми и Новинарство, Морски Науки, Фотографија, Политички Студии, Трговија на мало ,Социологија, Спорт, Телекомуникации … и многу повеќе

Зошто стажирање/практиканство?

Интернационализирајте ја вашата биографија/CV

Стекнете се со вредни искуства од Вашата област

Добивање на кредит за Вашит постоечки студии

Усовршување на англискиот јазик на работното место

Формирање сојузи со меѓународните компании

Добивање на признание во рамките на Вашата професија

Подобрување на Вашите можностите за напредување  во кариерата

Развивање на почит кон австралиската работна етика и трудот.

Барања / Услови

  • Пополнета апликација за стажирање со депозит од 500 австралиски долари.
  • Последна биографија или CV, испратено по електронска пошта.
  • Изјава за Вашето работно искуство, поврзаност на работното искуство со тековните студии или занимање,испратено по електронска пошта.
  • Детали за завршени или тековни студии со академски резултати од Вашиот универзитет.
  • Доказ за финансиска поддршка или плата. Ова може да биде вклучено во универзитетско досие, или како посебен документ.Грубо прерачунато, износот е AUD $ 1000 месечно.
  • Евидиенција – доказ за медицинско,патничко и лично осигурување.
    Потребно е да имате високо ниво на познавање на англискиот јазикот.

Дополнителни барања за Платени практиканти во угостителство

  • Мора да имате студирано најмалку една година од областа на угостителство и туризмот.
  • Не мора да имате повеќе од две години работно искуство во областа на угостителството и туризмот.

Информации за виза

Специјална програма за виза (подкласа 416) е привремена виза која Ви овозможува учествуво во специјалната одобрена програма која нуди можности за младинска размена, културно збогатување и корист за заедницата. Треба да бидете поканети од страна на спонзорот на одобрената посебна програма.

Кога ќе аплицирате за виза, тоа можете да го сторите од Австралија како и надвор од Австралија: – ако сте аплицирале во Австралија, мора да бидете во Австралија за да Ви биде доделена виза, – ако сте аплицирале надвор од Австралија, мора да бидете надвор од Австралија за да Ви биде доделена виза.

Ако сте во Австралија, вообичаено е да имате постоечка виза, за да аплицирате за програмата на Специјална виза.

Working Holiday Visa (подкласа 417) е преивремена виза за млади луѓе кои сакаат да работат и одмараат во Австралија, во период од една година.Тоа е привремена виза која што промовира културната размена и поблиски односи помеѓу Австралија и другите држави.
За првата Working Holiday Visa: Мора да бидете надвор од Австралија кога прв пат ќе аплицирате за Working Holiday Visa и кога се одлучува за визата.

Втора Working Holiday Visa: Ако аплицирате од Австралија, морате да бидете во Австралија кога е одобрена.Ако аплицирате надвор од Австралија, морате да бидете надвор од Австралија кога визата ќе Ви биде одобрена.

Work and Holiday Visa (привремена) виза (подкласа 462) е за младите луѓе кои сакат да работат и да одморат во Австралија сѐ до една година.

Тоа е привремена виза за промовирање на културната размена и градење поблиски врски помеѓу Австралија и други земји.

Виза за обука и истражување (подкласа 402) е за луѓе кои сакаат да дојдат привремено во Австралија да учествуваат во стручни подготовки, набљудување и учестуво во истражување, или за учество во програма за професионален развој. Ова не е работна виза.
Оваа виза има 3 (три) основи: Професионален приправник: за луѓето кои имаат потреба од структурирано работното место – базирано на обука, со цел да ги подобрат своите вештини во нивните професии, во областа на високото образование, или областа на експертиза.

Професионален развој: за професионалци, менаџери, владини претставници, поканети да учествуваат во програмата за професионален развој во Австралија. Програмата мора да се организира од страна на работодавачот надвор од Австралија и обично трае до 18 месеци.

Истражување: за професионални академици кои се поканети да ја посетат Австралија, со цел да ги набљудуваат или да учествуваат во австралиските истражувачки проекти во австралиски високо образовни установи или институти за истражување.
Кога се аплицира за Професионален приправник или Истражувањето: Вие или било кој друг кој е вкучен во аплицирањето, може да биде/те во или надвор од Австралија кога ќе аплицирате.

Аплицирање во Австралија: Ако сте во Австралија мора да поднесете Вашата апликација во Австралија.

Може да бидете во или надвор од Австралија кога Ви е доделена визата, без оглед на тоа каде е поднесена визата. За апликација за Професионално усовршување, мора да бидете надвор од Австралија кога сте аплицирале и кога Ви е доделена. Вашиот покровител – спонзор може да поднесе апликација во Ваше име.

Кандидатите може да стажираат во период од 40 часа на секои две недели во текот на семестарот (во некои избрани области), или со полно работно време во текот на распусти/ по дипломирањето. Студентите кои стажираат заради Академските услови може да работат со полно работно време,за време на студирањето.

Осигурување

Сите практиканти за време на стажирањето во Австралија потребно е да имаат медицинско, патничко и лично осигурување  за време на траењето на нивното стажирање.

Пред да почне Вашето стажирање ќе мора да обезбедите доказ за вашето осигурување – преведено на англиски.

Англиски јазик

Задолжително е практикантите доволно добро да го владеат англискиот јазик, а сѐ со цел  нормална комуникација на работното место.

Задолжително ниво на познавањето на јазикот е TOEFL 550 или IELTS 6 – за повеќе информации, контактирајте нѐ.

Ние ги охрабруваме практикантите кои не се од англиското говорно подрачје да ја разгледаат Програмата за англискиот јазик, која што ќе им помогне на практикантите за успешно функционирање на работното место.

Можноста да патувате и работите во странство ќе ги прошири и ќе Ве подготви за високо конкурентниот глобален пазар, каде што напредните јазични вештини ќе Ви бидат голема предност.

За време на  програмата за англиски јазик  и практикантската работа, ќе комуницирате со различни луѓе од различно потекло и култури.

Сместување

Ние сакаме да уживате во Вашиот престој во Австралија и ќе ни претставува задоволство да Ви помогнеме околу Вашето сместување.Ова се кратки описи на опциите за сместување кои Ви се на располагање:

Препорачуваме домашно сместување бидејќи е добро за лично претствување и добредојде во секојдневниот живот во Австралија.Живеење со австралиско семејството ќе Ви даде уникатен увид во културата и вредностите на Австралија и ќе Ви помогне во подготовката за бизнис средината. Сите семејства што обезбедуваат сместување се внимателно одбрани и сакаат да овозможат уживање за време на Вашата посета на Австралија. Откако ќе ги наведете Вашите преференции за сместување , австралиските практиканти ќе ги превземат сите потребни активности за да имате сместување кое ќе ги задоволат Вашите специфични потреби.

Цените за сместување се разликуваат и зависат од Вашиот избор на локација, сепак Ве молиме погледнете ги цените на овој сајт за сместувањето.

Многу практиканти сакаат сами да си најдат сместување, но многу од нив бараат од нас да им организираме сместување по нивното првично пристигнување. Постојат ефтини и безбедни хостели на секоја локација. Цена за една вечер почнува од 18 австралиски долари или 125 австралиски долари за една недела. На Ваше барање ќе Ви обезбедиме точни информации за она што Ве интересира.
Делење на сместувањето е достапно на многу локации. Многу посетители се определуваат за варијантата да ги споделуваат становите со други австралиски студенти или млади луѓе и оваа опција е многу популарна кај независните практиканти кои сакаат да уживаат во својот простор.Нашата препорака е да си дадете време и да ги видите просториите за сместување, бидејќи по Вашето пристигнување, условите понудени, од оние реалните, бидејќи истите може да се разликуваат . Истото важи и за луѓето кои Ви го нудат сместувањето.