Виза за миграцијата на општи квалификувани работници

Австралија бара квалификувани имигранти од раѓањето на земјата. Неодамнешното истражување исто така покажува дека австралиската економија не може да се одржи без прилив на квалификувани лица од прекуокеанските земји. GSM програмата е наменета за релативно млади луѓе кои имаат вештини според побарувачката во Австралија.
Миграцијата на општи квалификувани работници (GSM) бара од сите кандидати да исполнат одредени основни или “праговни” критериуми:

• проценка на вештини во номинираната професија од соодветната Листа на Квалификувани професии

• возраст: во принцип, главните кандидати мора да бидат на возраст помеѓу 18 и 49

• познавање на англиски јазик: повеќето кандидати ќе бидат тестирани за формален англиски јазик.

• апликантите ќе треба да поднесат изразување на интерес користејќи SkillSelect и ќе бидат поканети да аплицираат за виза, пред да можат да ја поднесат својата GSM апликација.

• во одредени случаи завршување на една или повеќе соодветни квалификации по најмалку две години на студии во Австралија

• кандидатите може да бидат спонзорирана од страна на Австралиската држава. Секоја држава има своја листа со професии и критериуми

Повеќето GSM поткласи  бараat од кандидатот  да добие преодна оценка во GSM  тестот со поени и поради оваа причина GSM визите, често се нарекуваат како “визи со тестни поени”.

Тест со поени

Од сите кандидати се бара да добијат 60 поени во GSM тестот за успешна апликација. Ако добиете преодна оценка, ќе можете да аплицирате за виза SC189 (independent permanent visa). Ако го паднете тестот, но сте блиску до преодната оцена, може да размислите да аплицирате за државно спонзорство;

SC190 (Nominated Permanent visa)

• Ако се спонзорирани од страна на австралиската држава, ќе бидете наградени со 5 поени.

• Најчесто откако SC190 визата за постојан престој е дадена, ќе биде потребно кандидатот да живее во државата која го спонзорира.

SC489 (Nominated or Sponsored Provisional visa)

• ќе добиете 10 наградни поени ако клиентот е спонзориран од страна на државата или роднини кои живеат во државата.

• оваа виза му овозможува на кандидатот да остане, студира и работи во одредена област за 4 години. Оваа виза може да се додели двапати во текот на целиот живот.

Апликација за виза

Едно лице може да биде покането да аплицира за GSM виза врз основа на EOI. Кандидатите кои се највисоко рабгирани, замајќи го во обзир широкиот спектар на професии, можат да бидат поканети да аплицираат за виза за квалификувани работници. Доколку потенцијален GSM барател, е заинтересиран да биде достапен за државна или територијална номинација, тогаш тој може да укаже на тоа во неговите EOI. Потенцијалниот барател може да укаже на тоа дали преферира одредена територија за престој или сите држави и територии.

Ако некое лице добиe покана да аплицира, ќе има 60 дена (од денот на поканатa) да ја поднесе своата валидна апликација за виза онлајн, преку SkillSelect . Апликациите поднесени надвор од овој рок ќе бидат невалидни.

Ако некое лице не направи апликација за виза по две покани да аплицира, неговите EOI ќе бидат отстранети од базата на податоци.