Бизнис виза

Сите апликанти на бизнис виза ( со исклучок на поткласа 132 ) кои што сакат да дојдат во Австралија и да започнат со сопствен бизнис или да инвестираат, мора да аплицират за Business Skills привремена виза
Овие носители на привремена бизнис виза може да се квалификуваат и да аплицираат за постојана бизнис виза, откако успешно ќе го отпочнат бизнисот, или додека се одржуваат нивните назначени инвестиции во Австралија во одреден период и со исполнување на останати предвидени услови.

Постојат три различни начини за преминување од привремена виза во виза за постојан престој:

Бизнис иновација е за луѓе кои што сакаат да поседуваат и менаџираат со нови или да продолжат со постоечкиот бизнис во Австралија.

Инвеститор е за луѓе кои сакаат да инвестират во Австралија и оние кои што сакаат да го одржат бизнисот и инвестициската активност во Австралија, откако почетната инвестиција созреала.

Значаен Инвеститор е за луѓе кои се подготвени да инвестираат најмалку 5.000.000 австралискилиски долари согласно инвестиционата политика во Австралија и кои што сакат да го одржат бизнисот и инвестициската активност во Австралија и по созревањето на инвестицијата.

Бизнис иновација

Апликантот мора да ги исполнуваат следниве услови кои се однесуваат за привремена бизнис – деловна виза.

– Под 55 (Може да биде поништен ако клиентот – апликантот сака да добие државно спонзорство)

– Најмалку 65 поени на тестот

– Поголем личен капитал од 800.000 австралиски долари кои би можеле да се пренесат на Австралија во рок од 2 години.

– Мора да биде сопственик на компанијата чиј промет е над 500.000 австралиски долари во најмалку 2 (две) од 4 (четири) фискални години

– веднаш пред да бидете поканети да аплицирате. (Додадете ги сите приходи доколку барателот има повеќе од еден субјект.)

– Кандидатот ќе може да аплицира за виза за постојан престој, но неколку години подоцна, додека за одржување на привремена виза во Австралија е потребно е бизнисот да е во функција и тоа на одредено задоволително ниво.

Инвеститор

– Апликантот може да аплицира за виза со постојан престој, доколку ја одржува инвестицијата во Австралија, континуирано во период од 4 години

– Под 55 (Може да биде поништен ако клиентот – апликантот сака да добие државно спонзорство) – Најмалку 65 поени на тестот

– Апликантот се издржувал во последните 2 години со лични средства (со партнерот заедно) во вкупен износ од 2.25 милиони австралиски долари

– Барателот има најмалку 3 години работно искуство во областа на инвестиции

– Инвестиција од 1,5 милиони на утврдените места (во последната фаза на обработка на виза)

Значаен инвеститор

Кандидати за виза не треба да го положат тестот за иновација и притоа нема горна возрасна граница. Ваков тип на виза го карактеризира условот за престој од 160 дена минати во Австралија во текот на четири години, како и одржување на бизнис иновации и инвестиции (привремено) (поткласа 188) виза.

Апликанти за виза мора да:

– поднесе изразување на интерес за SkillSelect;
– да се предложени од држава или територијална влада;
– направи инвестициите од најмалку 5 (пет) милиони австралиски долари