Visitor Виза (SC600)
ако сакате да ја посетите Австралија, можете да аплицирате за SC600 виза и да останете до 12 месеци. Дозволено е да се поднесе барање онлајн, доколку веќе сте во Австралија, a за определени земји на апликантите име е дозволено да поднесат онлајн апликација и покрај тоа што се надвор од Австралија. Можете да изберете една од следниве категории визи во зависност од вашите околности.
- Туристички виза: за оние кои сакаат да патуваат во Австралија заради туризам, одмор и уживање.
- Бизнис виза: за оние кои што сакаат да ја посетат Австралија заради бизнис интерес. Можете да да присуствувате на конференции, семинари и други деловни состаноци.
Семејно спонзориранo виза : за оние кои имаат роднини во Австралија. Доколку имате Австралиски роднини, како родител, баба, дедо, брат, братучед, чичко или тетка, може да ја посетите Австралија со овој тип на виза.
ЕТА Виза (SC601)
Можете да аплицирате за тромесечна виза, долколку сте надвор од Австралија и доколку го поседувате пасошот од одредени држави: Андора, Австриа, Белгија, Брунеи, Канада, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Хонг Конг, Исланд, Ирска, Италија, Јапонија, Лихтенштајн , Луксмбург, Малезија, Малта , Монако, Норвешка, Португал, Република Сан Марино, Сингапур, Јужна Кореа,Шпанија, Шведска, Швајцарија, Тајван, Холандија, Велика Британија – за британски граѓани, САД, Ватикан.
- Вашата ЕТА виза има важност 12 месеци и можност за влегување и останување во Австралија до 3 месеци.
- Вашата агенција ќе Ви помогне за аплицирање за виза.
Додека сте во Австралија не е дозволена нова апликација за виза.
Medical Treatment Виза (SC602)
Оваа виза може да се добие доколку имате медицински третман или медицински консултации во Австралија.Оваа виза обично важи за време на траење на лекувањето. Визата во Австралија обично се доделува за период до 12 месеци. Надвор од Австралија визата обично се доделува за период од три месеци.
eVistor Виза (SC651)
Можете да аплицирате за тромесечна виза, долколку сте надвор од Австралија и доколку го поседувате пасошот од одредени држави: Андора, Австриа, Бугарија, Хрватска, Белгија, Кипар, Чешка Република,Данска,Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Лихтенштајн , Литванија, Луксембург, Малта , Монако, Норвешка, Португал, Полска, Словачка,Словенија, Република Сан Марино,Шпанија, Шведска, Швајцарија, Холандија, Велика Британија – за британски граѓани, Ватикан.
Можете да останете во Австралија до три месеци за секоја посета во рок од 12 месеци од датумот кога eVisitor визата е доделена. Имате можност да аплицирате за нова виза додека сте во Австралија.
Working Holiday Виза (SC417)
Со оваа виза можете да работите, шетате истудирате во Австралија со подкласа 417. Да се аплицира за оваа виза потребно е да бидете на возраст помеѓу 19 и 31 година, како и да имате пасош на одредени земји: Белгија, Канада, Република Кипар, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Хонг Конг, Република Ирска, Италија, Јапонија, Република Кореа, Малта, Холандија, Норвешка, Шведска, Тајван и Велика Британија.Ова виза овозможува патување и работа во Австралија до 24 месеци.
Work and Holiday Виза (sc462)
Со оваа виза можете да работите, шетате и студирате во Австралија со подкласа 462. Да се аплицира за оваа виза потребно е да бидете на возраст помеѓу 19 и 31 година, како и да имате пасош на одредени земји: Аргентина, Бангладеш, Чиле, Индонезија, Малезија, Полска, Португалија, Шпанија, Тајланд, Турција, САД и Уругвај.
Во зависност од тоа од каде сте, можеби ќе се бара да имате одредено ниво на квалификација. ( средно образование, степен или диплома од факултет).
Потребно е Вашиот степен на познавање на англискиот јазик да биде – функционален или еквивалентен на IELTS 4.5. Со ова виза ќе можете да патувате и работите во Австралија до 12 месеци.